Скопје, 29 март 2020 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе донира финансиски средства на ТВ Канал Вис Струмица со цел да и помогне на телевизијата во санирање на последиците од пожарот кој ја зафати на 25 март, во којшто беа опожарени телевизиското студио и техниката.
Станува збор за доделување дополнителни финансиски средства, покрај оние коишто на 25 март им беа доделени на сите радиодифузери, меѓу кои и на ТВ Канал Вис. Одлуката за донација, Агенцијата ќе ја донесе на седницата закажана за 2 април 2020 година.
Се надеваме дека телевизијата набрзо ќе ја надмине оваа состојба и дека и понатаму ќе биде дел од медиумскиот плурализам на регионално ниво, односно дека ќе продолжи со емитување програма и содржини од значење за регионот Д4, којшто опфаќа повеќе населени места.