Евроамбасадорот Дејвид Гир во работна посета на АВМУ

image_pdfimage_print

 Скопје, 17 февруари 2021 – Директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир, на којашто се дискутираше за повеќе различни прашања поврзани со надлежностите на Агенцијата.

Фокусот беше ставен на тековниот процес на измени на Изборниот законик, активностите на Агенцијата кои произлегуваат од законите за медиуми и нејзиниот капацитет за реализација на истите, планираните медиумски реформи, потребата од усогласување на домашната медиумска легислатива со европската Директива за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

 

На крајот на средбата беше констатирано дека меѓусебната соработка е од исклучително значење и дека со ваквата пракса треба да се продолжи и во иднина.

 

Accessibility