Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер во работна посета на АВМУ

image_pdfimage_print

Скопје, 7 мај 2021 – Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги д-р Зоран Трајчевски денеска оствари работна средба со делегација на амбасадата на Република Франција, предводена од амбасадорот Сирил Бомгартнер.

Фокусот на средбата беше ставен на можноста за зголемување на бројот на француски телевизии кои се реемитуваат преку кабелските оператори. Ваквиот чекор, како што оценија двете страни, ќе придонесе за дополнително приближување меѓу двете култури, размена на вредности, како и поголема достапност на содржини кои би придонеле за полесно изучување и усовршување на францускиот јазик.



Accessibility

Accessibility