Отворена јавна расправа за Нацрт-Упатство за платеното политичко рекламирање за Локалните избори 2021

image_pdfimage_print

Скопје, 1 септември 2021 –  На денешната 24-та седница за 2021 година, Советот на Агенцијата усвои Нацрт-Упатство за платеното политичко рекламирање за Локалните избори 2021.

Во него се утврдува начинот на примена на членот 75-ѓ ставови 1 и 2 од Изборниот законик за Локалните избори за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Градот Скопје, со цел да се обезбедат прецизни правила за дозволеното времетраење на платеното политичко рекламирање на реален час емитувана програма кај радијата и телевизиите.

Агенцијата ги повикува сите регистрирани политички партии, независни кандидати за градоначалници/советнички листи, радиодифузери и други заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа е отворена до 16 септември 2021 година.

Нацрт – Упатството за платеното политичко рекламирање за Локалните избори 2021 е достапно на линкот.



Accessibility

Accessibility