Анализата на пазарот на ТВ и радио индустријата во фокусот на јавниот состанок на АВМУ

Скопје, 28 септември 2021 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес одржа јавен состанок, кој поради состојбата со корона вирусот, се реализираше преку видео конференциска врска. На состанокот, директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски, направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци.

Присутните имаа можност да се запознаат со активностите поврзани со мониторингот на изборното медиумско известување на радиодифузерите за локалните избори, спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, давателите на АВМУ по барање, издавачите на печатени медиуми, изречените мерки јавна опомена, изработените истражувања, активностите на полето на меѓународната соработка.

 На состанокот беа презентирани и наодите од Анализата на пазарот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020 година, во која е опфатено економското работење на јавниот радиодифузен сервис и комерцијалните телевизии и радија, како и податоците од мерењата на телевизиската и радиската публика.

Според податоците, приходите што заедно ги оствариле радиодифузерите во 2020 година изнесувале 2.382,61 милион денари милиони денари, што е најнизок приход во последните пет години. Повеќе од половина од нив биле приходи на комерцијалните телевизии – 1.217,88 милиони денари (51,12%), Јавниот сервис остварил приходи од 1.012,19 милиони денари (42,48%), а приходите на комерцијалните радиостаници изнесувале 152,54 милиони денари (6,4%). Вкупните трошоци во индустријата изнесуваат 2.415,78 милиони денари. Комерцијалните телевизии оствариле негативен финансиски резутат додека комерцијалните радиостаници и јавниот сервис работеле со добивка. Финансискиот резултат од работењето во индустријата во 2020 година бил со загуба од 34,68 милиони денари.

Вкупниот број на вработени на крајот на годината изнесувал 2587 лица, од кои 1960 лица биле во редовен работен однос, а 627 лица биле хонорарно ангажирани.



Accessibility

Accessibility