Отворена јавна расправа за Нацрт-Методологија за изменување и дополнување на Методологијата за вршење програмски надзор (мониторинг)

Скопје, 20.07.2022 – Советот на Агенцијата на 27-та седница одржана на 19 јули, усвои Нацрт-Mетодологија за изменување и дополнување на Методологијата за вршење програмски надзор (мониторинг).

Текстот во документот ги прецизира обврските на радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и давателите на АВМУ по барање и начинот на кој се проверува нивното почитување преку спроведување на програмски надзор. Потребата за измена и дополнување на постоечката Методологија произлезе поради повеќето измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги направени изминатите неколку години.

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа трае 60 дена, заклучно со 17 септември 2022 година.



Accessibility

Accessibility