АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ НА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ ЗА 2021 ГОДИНА

Скопје, 31 август 2022 – За да се утврдат состојбите на пазарот на аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија за претходната година, Агенцијата изработи Анализа на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 2021 година. При изработката на Анализата, за економското работење на радиодифузерите се користени податоците што тие самите ги доставија во Агенцијата, како и податоците од нивните завршни сметки, а за работењето на  јавниот сервис се користеа и податоци од „Финансискиот извештај за реализација на финансискиот план на ЈРП Македонска радио телевизија за 2021 година“.[…]

Донација на опрема од АВМУ за Албанскиот театар за деца и млади

Скопје, 30 август 2022 – Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги д-р Зоран Трајчевски и директорката на Националната установа Албански театар за деца и млади, Дијана Тоска, денеска потпишаа договор со кој АВМУ на театарот му донира компјутерска опрема.[…]

19 и 20 август се денови на изборен молк

Скопје, 18 август 2022 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите дека поради изборот на членови на Советот на Општина Тетово и  градоначалници на Општина Маврово и Ростуше и Општина Центар Жупа од 19 август, започнува изборниот молк кој ќе трае до 19:00 часот на 20 август.[…]

Објавени податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на ТВ станиците за периодот јуни-јули 2022 година

Скопје, 15.08.2022 – За потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беше изработено истражување за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици, за периодот јуни-јули 2022 година.[…]

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 12 август 2022 – Во врска со постапувањето на полициските службеници од полициска станица Неготино кон новинарката Вики Клинчарова од „Фокус” поради објавен текст, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги посочува дека ваквите дејствија претставуваат притисок врз медиумите и негативно се одразуваат врз слободата на јавното информирање.[…]

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 9 август 2022 – Во врска со вчерашниот инцидент помеѓу лица вработени во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“- Скопје и новинарска екипа на ТВ Клан, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потенцира дека сите треба да се однесуваат пристојно и достоинствено особено при вршење на своите работни задачи.[…]

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 4 август 2022 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува попречувањето на новинарската екипа на ТВ Алфа, да го проследи настанот по повод одбележувањето на празникот Илинден на 2ри август на Мечкин Камен во Крушево.[…]



Accessibility

Accessibility