19 и 20 август се денови на изборен молк

image_pdfimage_print

Скопје, 18 август 2022 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите дека поради изборот на членови на Советот на Општина Тетово и  градоначалници на Општина Маврово и Ростуше и Општина Центар Жупа од 19 август, започнува изборниот молк кој ќе трае до 19:00 часот на 20 август.

За време на молкот престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Радиодифузерите продолжуваат да известуваат за изборниот процес на денот на гласањето, согласно правилата утврдени во Изборниот законик.



Accessibility

Accessibility