Одржан форумот „Цивилно општество & тинк тенк“

Скопје, 02 ноември 2022 – Во организација на германскиот Аспен институт и Асоцијацијата Југоисточна Европа, овогодинешниот форум „Цивилно општество & тинк тенк“ се одржа на 1 и 2 ноември, во Берлин.

Во рамки на форумот имаше и панел посветен на дезинформациите во Западен Балкан. Како што истакна еден од панелистите Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, земјите од Западен Балкан, како и останатите земји во светот, не останаа имуни на појавата на дезинформации и лажни вести. Осврнувајќи се на напливот на дезинформации поврзани со коронавирусот, и со случувањата во Украина поради руската воена инвазија, тој истакна дека од особено значење се активностите на регулаторните тела за медиуми за справување со овие појави. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заедно со Мрежата за медиумска писменост активно работи на подигање на нивото на медиумската писменост на граѓаните за препознавање, разобличување и справување со дезинформациите и лажните вести, особено во рамки на Деновите на медиумска писменост, кои годинава се одржа по четврти пат.

Во борбата со дезинфодемијата особено важни се и други регулаторни аспекти – економскиот развој и одржливост на медиумската индустрија, транспарентноста на сопственоста, како и напорите за подигање на професионалните новинарски стандарди.

Целта на одржувањето на форумот е јавна презентација на резултатите и клучните препораки  од тинк танк и граѓанските организации и воедно, јавна дискусија со носителите на одлуки од земјите од Западен Балкан и од ЕУ, пред самитот за Берлинскиот процес.



Accessibility

Accessibility