Осуда за нападот на новинарската екипа на ТВ 24 Вести

Скопје, 15 ноември 2022 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува вчерашниот вербален и физички напад врз новинарската екипа на ТВ 24 Вести.

Нападите врз медиумските работници претставуваат особено сериозни повреди на основните човекови права и слободи кои истовремено го загрозуваат правото на информирање на граѓаните и ја ограничуваат јавната дискусија која е во сржта на секоја плуралистичка демократија.

Агенцијата како и во повеќе наврати досега апелира да им се овозможи на медиумските работници безбедно и професионално да ги извршуваат своите обврски, пред сè, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес.

 



Accessibility

Accessibility