СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје,  9 декември 2022 година – Во врска со барањето на припадници на полицијата, новинарката Фазиле Халили од ТВ 21 да ги избрише видео записите направени за време на  протестот поврзан со блокадите на приватните превозници, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потенцира дека новинарите имаат должност да покриваат и известуваат за настани кои се од јавен карактер.

Агенцијата апелира да се почитува достоинството на медиумските работници и да им се обезбедат услови за непречено извршување на нивните професионални задачи, што е неопходен предуслов за слободата на информирање.



Accessibility

Accessibility