Скопје, 11 јануари 2023 година – Во врска со спречувањето на новинарските екипи на „Радио Лидер“ и на „Курир“ да ја проследат посетата на владини претставници на фабриката „Пекабеско”, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потсетува дека попречувањето на работата на новинарите претставува загрозување на слободата и правото на информирање.
Медиумските работници во ниту еден момент не смеат да бидат попречени во вршењето на своите работни задачи и треба да им се овозможи слободен пристап до сите настани, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес и обезбедувањето транспарентност и одговорност на јавните органи.