Скопје, 2 февруари 2023 – Во врска со недоличниот однос на министерот за економија Крешник Бектеши, кон новинар на ТВ Телма, за време на денешната прес конференција, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги уште еднаш потенцира дека упатувањето навреди и омаловажувања кон новинари се апсолутно недозволиви.
Медиумите се еден од клучните столбови на демократијата и имаат важна улога во креирањето на критичкото мислење за прашања кои се од посебен јавен интерес.
Исклучително е важно да им се овозможи на новинарите непречено да ги извршуваат своите професионални задачи за навремено и точно информирање на јавноста. Наместо омаловажувања и навреди треба да се покаже почит кон новинарската професија и достоинството на медиумските работници.