АВМУ ќе донира милион денари помош за Турција

Скопје,  6 февруари 2023 – Поради катастрофалниот земјотрес што ја погоди Република Турција каде има големи човечки загуби, повредени граѓани, како и голема материјална штета, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе додели финансиска помош – донација во висина од еден милион денари за санирање на последиците од земјотресот.

Финансиските средства ќе бидат уплатени на посебна наменска сметка на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Фонд за солидарност.

Агенцијата изразува сочувство до семејствата на настраданите и до турскиот народ.



Accessibility

Accessibility