Известување за јавното отворање на пријавa за учество на јавниот конкурс

Скопје, 17 мај 2023 – Во врска со Одлуката за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на непрофитна радиодифузна установа, на регионално ниво, УП1 бр.08-96 од 09.03.2023 г. (објавена на 14.03.2023 г. во „Службен весник на РСМ“ бр.55/23), Ве известуваме дека:

Крајниот рок за поднесување на пријави за учество на јавниот конкурс беше до 15.05.2023 г. Пријавите поднесени на овој конкурс, треба да бидат јавно отворени, една недела по истекот на рокот за поднесување на истите.

Јавното отворање на доставенaта пријава за учество на наведениот јавен конкурс согласно точка 13 од напред наведената одлука, ќе се одржи на ден 22.05.2023 година, понеделник во 12:00 часот, во седиштето на Агенцијата, Палата „Панко Брашнаров“,  ул.„Македонија“ бр.38, Скопје.



Accessibility

Accessibility