Трошоци на директорот на Агенцијата за првата половина на 2023 година

Скопје, 7 јули 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно заложбите за транспарентност и отчетност и следејќи ја воспоставената пракса на секои шест месеци да ги објавува трошоците на директорот д-р Зоран Трајчевски, ја известува јавноста за следново:

Директорот Трајчевски, при вршење на својата функција, во периодот од 01.01.2023 – 30.06.2023 година има направено трошоци во вкупен износ 270.328,00 денари и тоа по следните ставки:

  1. Трошоци за репрезентација (угостителски услуги со претставници на амбасади, членови на Советот на Агенцијата и деловни партнери) – 87.786,00 денари
  2. Службен мобилен телефон– 17.530,00 денари
  3. Трошоци при патувања во странство– 165.012,00 денари (59.287,00 денари за авионски билети и 105.725,00 денари за хотелско сместување и патни трошоци).

 



Accessibility

Accessibility