СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 29 јуни 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осудува вербалните закани упатени кон сите новинари и медиумски работници, вклучувајќи го и новинарот Огнен Јаневски искажани во две контактни емисии на ТВ 24.

Сите форми на напади врз новинарите се апсолутно неприфатливи и претставуваат директен напад врз демократијата и слободата на говорот во едно општество. Медиумите се чувари на јавниот интерес и креатори на јавната свест поради што безбедноста на медиумските работници во ниту еден момент не смее да биде загрозена.

Агенцијата како многупати досега, апелира да се почитува достоинството на медиумските работници и да се овозможат услови за професионална работа на медиумите.



Accessibility

Accessibility