Објавена публикацијата „Проценка: Економска виталност и одржливост на аудиовизуелната медиумска индустрија во дигиталното опкружување – Северна Македонија“

Скопје 29 август 2023 – Во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија“ (ПРО-ФРЕКС), изработена е публикацијата „Проценка: Економска виталност и одржливост на аудиовизуелната медиумска индустрија во дигиталното опкружување – Северна Македонија“.

Документот кој е достапен на македонски и англиски јазик, е изработен на барање на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги и истиот се фокусира на виталноста и одржливоста на медиумскиот сектор и ги разгледува предизвиците од глобална перспектива.

Според оваа проценка, потенцијалот на аудиовизуелните индустрии сè уште не е признаен од разни државни институции и веќе постојните општи мерки за поттикнување на претприемништво воопшто не се применуваат во аудиовизуелниот медиумски сектор. Проценката ги идентификува клучните мерки за поддршка и унапредување на продукцијата на домашни аудиовизуелни содржини, меѓу кои се: фискалните мерки, професионалното и институционалното вмрежување, директното финансирање, поддршка за образование, обука и професионален развој, итн.

 



Accessibility

Accessibility