Редовен програмски надзор врз 3 кабелски оператори  

Скопје, 27 октомври 2023 –  Агенцијата изврши редовен програмски надзор врз операторите Мултимедија Нетворк Л, Скупи Кабле и Теленет Ком за обврската во програмскиот пакет којшто го реемитуваат задолжително и бесплатно да ги обезбедат програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис, како и за обврските за регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и титлување на програмите коишто ги реемитуваат.[…]

Редовен административен надзор врз 22 издавачи на печатени медиуми

Скопје, 27 октомври 2023г. – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз 22 издавачи на печатени медиуми со цел да констатира дали истите објавиле податоци за назив и адреса на седиштето и уредништвото на печатениот медиум, податоци за одговорното лице, уредниците, печатницата, датум на печатење или препечатување и број на печатени примероци, согласно обврската од Законот за медиуми.[…]

Контролен административен надзор ТВ Кисс&Менада

Скопје, 27 октомви 2023г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши двa контролни административни надзори врз ТВ Кисс&Менада, за да утврди дали радиодифузерот постапил по изречените мерки јавна опомена, упатени поради необјавување на импресум и недостапни информации за корисниците.[…]

Редовен програмски надзор врз МРТ1, МРТ 2, МРТ 3, МРТ 4 и МРТ 5

Скопје, 27 октомври 2023г. – За обврските за употреба на јазикот во програмите, дневно емитување најмалку 12 часа програма на телевизијата и дневно емтитување најмалку 40% изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела, редовен програмски надзор е извршен врз телевизиските програмски сервиси на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА – МРТ 1, МРТ 2, МРТ 3, МРТ 4 и МРТ 5.

[…]

Отворени Деновите на медиумска писменост 2023

Скопје, 24 октомври 2023 – Под мотото „Брз прст, лажни вести носи“, почнувајќи од денес па сè до 31 октомври, во организација на Мрежата за медиумска писменост по петти пат се одржуваат Деновите на медиумска писменост 2023. На овој начин, нашата земја се приклучува кон Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО.[…]

Изречена мерка јавна опомена за МРТ 3, МРТ 4, Радио Скај и Репро Принт

Скопје, 20 октомври 2023 – Советот на Агенцијата на 37-та седница одржана на 16 октомври 2023 година донесе четири решенија за изрекување мерка јавна опомена за МРТ 3, МРТ 4, Скај Радио и Репро Принт издавач на печатениот медиум Нова Македонија.[…]

Осуда за односот на владини функционери кон новинар на ТВ Алфа

Скопје, 14 октомври 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува некоректниот однос на премиерот Ковачевски и на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кон новинарот Матеја Петровски од ТВ Алфа.[…]

Промовиран Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми

Скопје, 12 октомври 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со поддршка на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ, денеска го промовираше Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми.[…]



Accessibility

Accessibility