Скопје, 20 октомври 2023 – Советот на Агенцијата на 37-та седница одржана на 16 октомври 2023 година донесе четири решенија за изрекување мерка јавна опомена за МРТ 3, МРТ 4, Скај Радио и Репро Принт издавач на печатениот медиум Нова Македонија.
На МРТ 3 и Репро Принт (Нова Македонија) им е изречена мерка јавна опомена за обврската за објавување импресум. Мерка јавна опомена на МРТ 4 и е изречена за неемитување најмалку 40% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, додека на Скај Радио за неемитување најмалку 10% музика на македонски јазик во период од 6 до 00 часот, од вкупно емитуваната музика во анализираното деноноќие.
Мерките јавна опомена се достапни на линковите:
МРТ 3 – (член 14 од Законот за медиуми) – 17.11.2023
МРТ 4 – (член 92 став 1 од ЗААВМУ) – 17.11.2023
Репро Принт (Нова Македонија) – (член 14 од Законот за медиуми) – 17.11.2023
Скај Радио – (член 80 ставови 7,8 и 9 од ЗААВМУ) – 17.11.2023