Редовен административен надзор врз 22 издавачи на печатени медиуми

Скопје, 27 октомври 2023г. – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз 22 издавачи на печатени медиуми со цел да констатира дали истите објавиле податоци за назив и адреса на седиштето и уредништвото на печатениот медиум, податоци за одговорното лице, уредниците, печатницата, датум на печатење или препечатување и број на печатени примероци, согласно обврската од Законот за медиуми.

Со надзорот е констатирано дека оврските од Законот за медиуми не ги исполнија само „Нова Македонија“ која во изданието бр. 25952 не објави точен број на печатени примероци, „Народен Лекар“ во изданието 591 не објави точен датум на печатење, додека „Слово“ не ги објави податоците за адресата на седиштето на издавачот на медиумот, името на одговорното лице на издавачот на медиумот, називот на печатницата, адресата на печатницата, датумот на печатење или препечатување и бројот на печатени примероци.

Извештаите се достапни на линковите:

Општ извештај – (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 26.10.2023 рекршување на член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 26.10.2023

Народен Лекар – (прекршување на член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 26.10.2023

Слово – (прекршување на член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 26.10.2023



Accessibility

Accessibility