Трошоци на директорот на Агенцијата за втората половина на 2023 година

Скопје, 12 јануари 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно заложбите за транспарентност и отчетност и следејќи ја воспоставената пракса на секои шест месеци да ги објавува трошоците на директорот д-р Зоран Трајчевски, ја известува јавноста за следново:

Директорот Трајчевски, при вршење на својата функција, во периодот од 01.07.2023 – 31.12.2023 година има направено трошоци во вкупен износ 237.207,00 денари и тоа по следните ставки:

  1. Трошоци за репрезентација (угостителски услуги со претставници на амбасади, членови на Советот на Агенцијата и деловни партнери) – 123.390,00 денари
  2. Службен мобилен телефон – 16.185,00 денари
  3. Трошоци при патувања во странство – 97.632,00 денари (25.610,00 денари за авионски билети и 72.022,00 денари за хотелско сместување).

 



Accessibility

Accessibility