ПОКАНА ЗА МЕДИУМИ

Скопје, 15 јануари 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поднесе тужба против Министерството за информатичко општество и администрација, затоа што ова министерство, веќе подолг период, го прекршува Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Имено, министерството континуирано префрла помалку средства за развој на радиодифузната дејност од законски предвидените. Со тоа се загрозува работењето на корисниците на овие средства – Агенцијата, Македонската радиотелевизија и ЈП Македонска радиодифузија, но и на целиот аудиовизуелен сектор, вклучувајќи ги и медиумите, бидејќи со непочитување на законот се доведува во прашање пристапот до европските фондови за финансирање аудиовизуелни проекти и развој на аудиовизуелната област.

Во врска со ова, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, д-р Зоран Трајчевски ќе даде изјава за медиумите, денес, 15 јануари 2024 година, во 13:30 часот.

Изјавата ќе биде дадена во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, втори кат.

Од логистички причини, Ве молиме присуството да го најавите кај следниве контакт лица: Јетон Исмаили, j.ismaili@avmu.mk, тел. 076/496-802 или Ивана Стојановска, i.stojanovska@avmu.mk, тел. 075/217-695.



Accessibility

Accessibility