Отворена јавна расправа за Нацрт-Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024

Скопје, 20 март 2024 – Советот на Агенцијата на денешната 11-та седница, усвои Нацрт-Упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.

Со документот се појаснува начинот на примена на правилата од Изборниот законик за лимитите за платеното политичко рекламирање (ППР), за означувањето на нарачателот на рекламирањето, распределбата на времето во вести кај Јавниот радиодифузен сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал, како и правилата за известување во деновите на изборниот молк.

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа трае 5 дена, заклучно со 25 март 2024 година.



Accessibility

Accessibility