Скопје, 2 април 2024 – Во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) утре 3 април 2024, со почеток во 10:00 часот во хотел Мериот во Скопје ќе се одржи панел дискусија посветена на политичкото рекламирање и интегритетот на изборите.
На отворањето на настанот предвидено е да се обратат директорот на АВМУ, д-р Зоран Трајчевски, амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Вероник Хулман и Јоана Косма, директорка на ИФЕС во РСМ.
Претставниците на АВМУ, ДЗР, ДИК и ДКСК ќе се осврнат на прашањата поврзани со изборниот интегритет во политичкото рекламирање во земјава, додека претставници на европските регулаторни тела ќе говорат за политичкото рекламирање во новите законодавни иницијативи на Европската Унија.
Агенда за панел дискусија „Политичкото рекламирање и интегритетот на изборите“