Скопје, 17 април 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз сите 98 радиодифузери коишто емитуваат телевизиска или радио програма. Предмет на надзорот е обврската на радиодифузерите, по прв пат оваа година да објават податоци за сопственичка структура, уредништво и извори на финансирање во претходната година, односно најдоцна до 31 март 2024 година.
Со надзорот беше констатирано дека обврската од член 15 став 3 од Законот за медиуми ја исполниле сите радиодифузери.
Извештајот е достапен на следниот линк
Општ извештај – (член 15 став 3 од Законот за медиуми) – 16.04.2024