Соопштение за јавност

Скопје, 18 април 2024 –ТВ Ускана Медија ја информираше Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги дека на новинар на оваа телевизија не му било дозволено да снима прилог во врска со бројот на ученици и вработени во Основното училиште Наим Фрашри од село Пирок, Општина Боговиње.

Агенцијата потсетува дека институциите треба да бидат отворени и транспарентни и да вложат максимални напори на претставниците на медиумите да им овозможат непречен пристап до бараните информации.

Медиумските работници при вршењето на својата работа која е од јавен интерес, треба да се ослободени од какви било закани и заплашувања додека истовремено треба да покажат професионална одговорност и да ги почитуваат етичките и новинарски принципи и стандарди при известувањето.



Accessibility

Accessibility