Скопје, 2 мај 2024 – При мониторингот над изборното медиумско претставување на програмата на ТВ Алфа, емитувана на 25 април 2024 година, Агенцијата констатираше прекршување на член 75-ѓ, став 1 од Изборниот законик.
Во текот на вториот круг од изборната кампања за Претседателските избори 2024 година, ТВ Алфа во реалните часови емитувана програма од 8 до 9 часот, од 9 до 10 часот, од 10 до 11 часот, од 11 до 12 часот и од 12 до 13 часот, емитуваше повеќе од 4 минути платено политичко рекламирање за кандидатката за претседател, поддржана од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Извештајот од надзорот над изборното медиумско претставување на ТВ Алфа е достапен на линкот