Извршен редовен програмски надзор врз радијата Зона М-1, РФМ, Урбан ФМ, Скај радио и ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио

Скопје, 29 август 2024г. – За обврските за употреба на јазикот во програмите, емитување на доброволно пријавениот процент музика на македонски јазик и дневно емитување најмалку 12 часа програма на радио, редовен програмски надзор е извршен врз регионалните радија Зона М-1, РФМ, Урбан ФМ, Скај радио и ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио.

Со надзорот беше констатирано дека радиото Зона М-1 на 6 август 2024 година, не емитуваше најмалку 30% музика на македонски јазик во периодот од 06:00 до 00:00 часот, од вкупно емитуваната музика во анализираното деноноќие.

Извештаите се достапни на следните линкови:

РА Зона М-1 – (прекршување на член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ) – 27.08.2024

РА РФМ – (член 64, член 80 ставови 7, 8 и 9 и член 90 од ЗААВМУ) – 27.08.2024

РА Урбан ФМ – (член 64, член 80 ставови 7, 8 и 9 и член 90 од ЗААВМУ) – 27.08.2024

РА Скај – (член 64, член 80 ставови 7, 8 и 9 и член 90 од ЗААВМУ) – 27.08.2024

РА ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио – (член 64, член 80 ставови 7, 8 и 9 и член 90 од ЗААВМУ) – 27.08.2024



Accessibility

Accessibility