Скопје, 26 септември 2024г. – Агенцијата изврши редовен програмски надзор врз операторот А1 Македонија за почитувањето на обврските за регистрација на програмски сервиси и титлување на програмските сервиси кои ги реемитуват и врз Тотал ТВ за обврската во програмскиот пакет којшто го реемитува задолжително и бесплатно да ги обезбеди програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис.
Со надзорот е констатирано дека кабелскиот оператор А1 Македонија за своите корисници ги реемитувал програмските сервиси „ТВ Шења“, „ТВ Вистел,“, „Nickelodeon“„Nick Jr“, „Nicktoons“, „Epic Drama“, „TV 1000“, „Klasik TV HR“, „Timeless Dizy Channel“, „Arena Sport 1“, „Arena Sport 2“, „Arena Sport 3“, „Arena Sport 4“, „Arena Sport 5“, „Arena Premium 1“, „Arena Premium 2“, „Arena Premium 3“, „Viasat Nature“, „Viasat Explorer“, „Viasat History“, „Museum“, „Luxe TV“, „Balkan Trip“, „RTS Svet“, „Agro TV“, „Arena Fight“, „Al Jazeera“, „a tv“, „TRT Turk“, „Toxic“, „Toxic Folk“, „Toxic Rap“, „MTV 00“, „MTV Europe“, „MTV Hits“, „MTV Life“, Nick Music“, „MTV 90“, „MTV 80“, „Club MTV“, „Bloomberg“ и „Duck TV“, кои не се опфатени со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата.
Извештаите од спроведените надзори се достапни на линковите:
А1 Македонија – (член 64 став 2 и член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 26.09.2024
Тотал ТВ – (член 143 став 3 од ЗААВМУ) – 26.09.2024