Редовен програмски надзор врз 11 национални телевизии

Скопје, 4 октомври 2024г. – За обврските за употреба на јазикот во програмите, дневно емитување најмалку 12 часа програма на телевизијата и дневно емитување најмалку 30% изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела, редовен програмски надзор е извршен врз ТВ 24 Вести, ТВ Наша, ТВ Алфа, ТВ Канал 5, ТВ Шења, ТВ Сител, ТВ Сонце, ТВ Телма, ТВ Алсат-М, ТВ Клан Мацедониа и ТВ Компани 21-М.

При надзорот беше констатирано дека ТВ Шења на 11 септември 2024 година не емитуваше најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, ниту пак најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела го емитуваше во периодот од 07:00 до 19:00 часот, додека на програмата на ТВ Компани 21-М на 10 септември 2024 година во емисијата „Пастел“, изјава на соговорник е емитувана изворно на српски јазик, без да се обезбеди превод на албански или на македонски јазик.

Извештаите се достапни на следните линкови:

ТВ 24 Вести – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 04.10.2024

ТВ Наша – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 04.10.2024

ТВ Алфа – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 04.10.2024

ТВ Канал 5 – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 04.10.2024

ТВ Сител – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 04.10.2024

ТВ Сонце – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 04.10.2024

ТВ Телма – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 04.10.2024

ТВ Алсат-М – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 04.10.2024

ТВ Клан Мацедониа – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 04.10.2024

ТВ Компани 21-М – (прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 04.10.2024

ТВ Шења – (прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 04.10.2024



Accessibility

Accessibility