Редовен програмски надзор врз 11 национални телевизии

Скопје, 7 октомври 2024г. – Редовен програмски надзор за почитувањето на правилата при емитување аудиовизуелни комерцијални комуникации, заштита на малолетните лица од програми што би можеле да му наштетат на нивниот физички, психички или морален развој, заштита на личните податоци на малолетните лица, обезбедување квизови или други облици на наградно учество, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласање, емитување игри на среќа,  редовен програмски надзор е извршен врз телевизиите: ТВ Алфа, ТВ Алсат-М, ТВ Канал 5, ТВ Наша, ТВ Шења, ТВ Телма, ТВ 21-М, ТВ 24 Вести, ТВ Клан Мацедониа, ТВ Сител и ТВ Сонце.

Со надзорите е констатирано дека ТВ Шења, ТВ 21-М и ТВ Сител емитуваа програми со неправилна примена на предупредувачката сигнализација за програми од втора категорија (8+), и тоа: ТВ Шења најавите и епизодите од играниот серијал „Luftëtari (Kızıl Elma)”, емитувани на 5 септември 2024 година, ТВ 21-М премиерните и репризиранитe епизоди од играниот серијал „I egri (Yabani)” и премиерната епизода од играниот серијал „Jetë të thyera (Kırık hayatlar)”, исто така емитувани на 5 септември 2024 година, и ТВ Сител најавите и епизодите од повеќе играни серијали емитувани на 2 септември 2024 година.

Извештаите се достапни на линковите:

ТВ Алфа – (член 50 став 3, член 50-а, членовите 53, 54, 55, 98, 99, и 10, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 04.10.2024

ТВ Алсат-М – (член 50 став 3, член 50-а, членовите 53, 54, 55, 98, 99, и 10, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 04.10.2024

ТВ Канал 5– (член 50 став 3, член 50-а, членовите 53, 54, 55, 98, 99, и 10, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 04.10.2024

ТВ Наша – (член 50 став 3, член 50-а, членовите 53, 54, 55, 98, 99, и 10, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 04.10.2024

ТВ Телма – (член 50 став 3, член 50-а, членовите 53, 54, 55, 98, 99, и 10, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 04.10.2024

ТВ 24 Вести – (член 50 став 3, член 50-а, членовите 53, 54, 55, 98, 99, и 10, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 04.10.2024

ТВ Клан Мацедониа – (член 50 став 3, член 50-а, членовите 53, 54, 55, 98, 99, и 10, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 04.10.2024

ТВ Сонце – (член 50 став 3, член 50-а, членовите 53, 54, 55, 98, 99, и 10, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 04.10.2024

ТВ 21-М – (прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 04.10.2024

ТВ Шења – (прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 04.10.2024

ТВ Сител – (прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 04.10.2024



Accessibility

Accessibility