Вонреден административен надзор по службена должност врз радио РРАПИ

Скопје, 15 октомври 2024 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по службена должност изврши вонреден административен надзор врз работата на радио РРАПИ од Струга со цел да констатира дали радиодифузерот извршил промена на сопственичката структура без претходно да ја извести Агенцијата и пред промената да биде одобрена од страна на Агенцијата.

Со вонредниот надзор е констатирано дека радиодифузерот спротивно на ЗААВМУ, на 1.10.2024 година спровел промена на сопственичката структура без претходно да ја извести Агенцијата и без истата да биде одобрена од страна на Агенцијата.

Извештајот од надзорот е достапен на следниот линк:

РА РРАПИ – (член 41 ставови 1 и 2 од ЗААВМУ) – 14.10.2024



Accessibility

Accessibility