Редовен програмски надзор врз операторите Нафи и Беко и Дрим Сат ИПТВ

Скопје, 17 октомври 2024г  – Агенцијата изврши редовен програмски надзор врз операторите Нафи и Беко и Дрим Сат ИПТВ за почитувањето на обврските за регистрација на програмски сервиси и титлување на програмските сервиси кои ги реемитуват.

Со надзорот беше констатирано дека операторт Нафи и Беко на ден 17.10.2024 година, за своите корисници го реемитувал програмскиот сервис „ТВ Канал 5“, кој не е опфатен со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата, додека операторот Дрим Сат ИПТВ ден 17.10.2024 година, за своите корисници го реемитувал програмскиот сервис „Hit Mix Music“, кој не е опфатен со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата.

Извештаите од спроведените надзори се достапни на линковите:

Нафи и Беко – (член 64 став 2 и член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 17.10.2024

Дрим Сат ИПТВ – (член 64 став 2 и член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 17.10.2024



Accessibility

Accessibility