Скопје, 18.10.2024 – Агенцијата изврши редовен програмски надзор врз операторот МТЕЛ за почитувањето на обврските за регистрација на програмски сервиси и титлување на програмските сервиси кои ги реемитува.
Со надзорот беше констатирано дека операторот на 16.10.2024 година, за своите корисници ги реемитувал програмските сервиси „Телма“, „Алфа ТВ“, „Канал 5“, „Алсат М“, „Компани 21“, „24 Вести“, „News Max Balkans“, „Diva“, „Nickelodeon“, „Nickelodeon Junior“, „RTL“, „RTL II“, и „RTL Croatia“, кои не се опфатени со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата што е спротивно на член 141 од ЗААВМУ.
Извештајот од надзорот е достапен на линкот:
МТЕЛ – (член 64 став 2 и член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 18.10.2024