Скопје, 29 октомври 2024г – Врз основа на констатации од редовен програмски надзор, Советот на Агенцијата на 40-та седница одржана на 24 октомври 2024г. за операторите Дрим Сат ИПТВ, Нафи и Бeко и Мтел донесе решенија за јавно опоменување и за исклучување на реемитувањето на програмските сервиси кои не се опфатени со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата, што е спротивно на член 141 од ЗААВМУ.
Мерка јавна опомена е изречена на Дрим Сат ИПТВ поради реемитување на програмскиот сервис „Hit Mix Music“, на Нафи и Беко поради реемитување на програмскиот сервис „ТВ Канал 5“ додека на Мтел поради реемитување на програмските сервиси „Телма“, „Алфа ТВ“, „Канал 5“, „Алсат М“, „Компани 21“, „24 Вести“, „News Max Balkans“, „Diva“, „Nickelodeon“, „Nickelodeon Junior“, „RTL“, „RTL II“ и „RTL Croatia“.
Изречените мерки се достапни на линковите:
Дрим Сат ИПТВ – (член 141 од ЗААВМУ) – 24.10.2024
Нафи и Беко – (член 141 од ЗААВМУ) – 24.10.2024
Мтел – (член 141 од ЗААВМУ) – 24.10.2024