Скопје, 5 ноември 2024г. – За обврските за употреба на јазикот во програмите, дневно емитување најмалку 8 часа програма на телевизијата и дневно емитување најмалку 30% изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела, редовен програмски надзор е извршен врз ТВ Кобра, ТВ Коха, ТВ КТВ, ТВ Стар, ТВ Вистел и ТВ Едо.
При надзорот беше констатирано дека на програмата на ТВ КТВ на 3 октомври 2024 година, во неколку програмски содржини се емитувани делови од говорот на странски јазици (хрватски, или англиски, или српски), без притоа да бидат преведени на македонски јазик, додека ТВ Едо на 3 октомври 2024 година, не емитуваше најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела.
Извештаите се достапни на следните линкови:
ТВ Кобра – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 04.11.2024
ТВ КТВ – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 04.11.2024
ТВ Стар – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 04.11.2024
ТВ Вистел – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 04.11.2024
ТВ Коха – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 04.11.2024
ТВ Едо – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 04.11.2024