Скопје, 6 ноември 2024г. – Редовен програмски надзор за почитувањето на правилата при емитување аудиовизуелни комерцијални комуникации, заштита на малолетните лица од програми што би можеле да им наштетат на нивниот физички, психички или морален развој, заштита на личните податоци на малолетните лица, обезбедување квизови или други облици на наградно учество, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласање, емитување игри на среќа, редовен програмски надзор е извршен врз телевизиите ТВ КТВ, ТВ Едо, ТВ Кобра, ТВ Коха, ТВ Стар и ТВ Вистел.
Со надзорите е констатирано дека ТВ Стар на 3 октомври 2024 година, репризиранитe и премиерните епизоди од играните серијали „Класот 406“ и „Додека село спие“ ги емитувал со неправилна примена на предупредувачката сигнализација за програмата од втора категорија (8+).
Извештаите од надзорите се достапни на линковите:
ТВ КТВ – (член 50 став 3, член 50-а, членовите 53, 54, 55, 98, 99, и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 05.11.2024
ТВ Едо – (член 50 став 3, член 50-а, членовите 53, 54, 55, 98, 99, и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 05.11.2024
ТВ Кобра – (член 50 став 3, член 50-а, членовите 53, 54, 55, 98, 99, и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 05.11.2024
ТВ Коха – (член 50 став 3, член 50-а, членовите 53, 54, 55, 98, 99, и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 05.11.2024
ТВ Вистел – (член 50 став 3, член 50-а, членовите 53, 54, 55, 98, 99, и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 05.11.2024
ТВ Стар – (прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 05.11.2024