Скопје, 8 ноември 2024г. – Агенцијата изврши редовен програмски надзор врз операторот Неотел за почитувањето на обврските за регистрација на програмски сервиси и титлување на програмските сервиси кои ги реемитува.
Со надзорот беше констатирано дека операторот на 05.11.2024 година, за своите корисници ги реемитувал програмските сервиси „Gametoon“ и „MTV Europe“, кои не се опфатени со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, што е спротивно на член 141 од ЗААВМУ.
Извештајот од надзорот е достапен на линкот:
Неотел (член 64 став 2 и член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 08.11.2024