Скопје, 11 ноември 2024г. – Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги врз основа на доставената информација од страна на имателот на права „TRING TV Albania“, изврши вонреден програмски надзор врз операторот Глобалсат со цел да се утврди дали ги реемитува програмските сервиси од Tring пакетот, за кои не се регулирани авторските права согласно Законот за авторското право и сродните права.
Надзорот покажа дека операторот не ги реемитува програмските сервиси од пакетот на Tring.
Извештајот од надзорот е достапен на линкот:
Вонреден надзор врз Глобалсат – 07.11.2024