Редовен програмски надзор врз ТВ Протел, ТВ Спектра, ТВ Свет, ТВ Њуз и ТВ Дуе

Скопје, 19 ноември 2024г. – За обврските за употреба на јазикот во програмите, дневно емитување најмалку 6 часа програма на телевизијата и дневно емитување најмалку 30% изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела, редовен програмски надзор е извршен врз ТВ Протел, ТВ Спектра, ТВ Свет, ТВ Њуз и ТВ Дуе.

При надзорот беше констатирано дека на програмата на ТВ Спектра на 4 ноември 2024 година, во неколку програмски содржини се емитувани делови од говорот на странски јазици (српски, или англиски, или албански), без притоа да бидат преведени на македонски јазик. Дополнително на истиот ден не се емитувани најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела.

Најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, ниту пак најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела, во периодот од 7,00 до 19,00 часот не беше емитувана на ТВ Њуз и ТВ Дуе.  Дополнително кај ТВ Дуе констатирано е дека странската спортска емисија за бокс „Masters of the spear“, е емитувана изворно на англиски јазик, без да се обезбеди превод на јазикот на кој медиумот емитува програма согласно дозволата.

Извештаите се достапни на следните линкови:

ТВ Протел – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 19.11.2024

ТВ Свет – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 19.11.2024

ТВ Спектра – (прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 19.11.2024

ТВ Спектра – (прекршување на член 92 став 1 од ЗААВМУ) – 19.11.2024

ТВ Њуз – (прекршување на член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 19.11.2024

ТВ Дуе – (прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 19.11.2024

ТВ Дуе – (прекршување на член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 19.11.2024



Accessibility

Accessibility