Изречени мерка јавна опомена на ТВ Компани 21-М, ТВ Клан Мацедониа, ТВ Шења, ТВ Сител и ТВ Сонце

Скопје, 20 ноември 2024г – Советот на Агенцијата на 42-та седница одржана на 15 ноември врз основа на констатации од редовен програмски надзор изрече 7 мерки јавна опомена врз ТВ Клан Мацедониа поради неозначени промотивни најави за играни серијал со сигнализацијата за заштита на малолетните лица.

На ТВ Сител, ТВ Сонце, ТВ Шења и ТВ Компани 21-М мерки јавна опомена беа изречени поради неправилна примена на предупредувачката сигнализација за програмата од втора категорија (8+).

Дополнително за ТВ Компани 21-М мерката јавна опомена е изречена поради необезбедување превод на албански или на македонски јазик, додека за ТВ Шења поради неемитување најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела.

Мерките јавна опомена се достапни на линковите:

ТВ Компани 21-М – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 18.11.2024

ТВ Компани 21-М – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 18.11.2024

ТВ Клан Мацедониа – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 18.11.2024

ТВ Шења – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 18.11.2024

ТВ Шења – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 18.11.2024

ТВ Сител – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 18.11.2024

ТВ Сонце – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 18.11.2024



Accessibility

Accessibility