Скопје, 22 ноември 2024г. – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз ТВ Дуе, ТВ Њуз, ТВ Протел, ТВ Спектра и ТВ Свет, за обврските за објава на импресум, информации достапни до корисниците и идентификација на радиодифузерот.
При надзор е констатирано дека ТВ Дуе и ТВ Њуз не ги обезбедиле информациите што треба да им се направат достапни на корисниците, додека ТВ Њуз дополнително не ги објавил податоците за импресум на провеќе емитувани програми.
Извештаите од надзорите се достапни на линковите:
ТВ Дуе – (прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 21.11.2024
ТВ Њуз – (прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 21.11.2024
ТВ Протел – (прекршување на член 14 од Законот за медиуми) – 21.11.2024
ТВ Спектра – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 21.11.2024
ТВ Свет – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 21.11.2024