Редовен административен надзор врз 93 радиодифузери коишто емитуваат ТВ или радио програма

Скопје, 27 ноември 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз сите 93 радиодифузери коишто емитуваат телевизиска или радио програма. Предмет на надзорот е обврската според која радиодифузерите се должни податоците за сопственичката структура, одговорниот уредник/уредници и за изворите на финансирање во претходната година, да ги објават на сопствената програма, најмалку три пати годишно, во ударни термини и снимка од објавата да достават до Агенцијата во рок од 15 дена од денот на објавувањето.

 Со надзорот беше констатирано дека обврската од член 15 став 3 од Законот за медиуми не ја исполни ТВ Канал Вис од Струмица.

Извештаите се достапни на следните линкови:

Општ извештај – (член 15 став 3 од Законот за медиуми) – 27.11.2024

ТВ Кaнал Вис – (член 15 став 3 од Законот за медиуми) – 27.11.2024



Accessibility

Accessibility