Изречени мерка јавна опомена на ТВ Стар, ТВ КТВ и ТВ Едо

Скопје, 6 декември 2024г – Советот на Агенцијата на 44-та седница одржана на 5 декември 2024 година, поради непочитување на одредби од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изрече три мерки јавна опомена.

Мерка јавна опомена на ТВ Едо е изречена заради неемитување најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, на ТВ КТВ заради непочитување на правилата за употреба на јазикот во програмата, додека за ТВ Стар поради непочитување на правилата за заштита на малолетната публика.

Мерките јавна опомена се достапни на линковите:

ТВ Стар – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 06.12.2024

ТВ КТВ – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 06.12.2024

ТВ Едо – (член 92 став 1 од ЗААВМУ) – 06.12.2024



Accessibility

Accessibility