Скопје, 6 декември 2024г – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролен програмски надзор врз Радио Зона М-1 за да констатира дали радиодифузерот постапил по претходно изречената мерка јавна опомена поради неемитување најмалку 30% музика на македонски јазик во периодот од 06:00 до 00:00 часот, од вкупно емитувана музика во анализираното деноноќие.
Со надзорот констатирано е дека радиодифузерот во целост постапил по решението за изрекување мерка – јавна опомена.
Извештајот е достапен на следниот линк:
РА Зона М-1 – (член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ) – 06.12.2024