Скопје, 6 декември 2024г – Редовен административен надзор за исполнувањето на обврските од членот 62 став 6 од ЗААВМУ и член 21 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување е извршен врз ТВ – Канал Вис од Струмица.
Со надзорот е констатирано дека радиодифузерот не ги исполнува минималните кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување, односно одговорниот уредник не е во редовен работен однос и со полно работно време ангажиран во радиодифузерот.
Извештајот од надзорот е достапен на линкот:
ТВ Канал Вис – (член 62 став 6 од ЗААВМУ и член 21 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување) – 06.12.2024