Скопје, 20 декември 2024 – Kонтролен административен надзор е извршен врз ТВ Канал Вис од Струмица, за да се утврди дали ги исполнува минималните кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување. Со надзорот е констатирано дека радиодифузерот не ги исполнува минималните кадровски услови од овој Правилник, односно одговорниот уредник не е во редовен работен однос и со полно работно време ангажиран во радиодифузерот.
Извештајот е достапен на следниот линк:
ТВ-Канал Вис – (член 62 став 6 од ЗААВМУ и член 21 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување) – 20.12.2024