Скопје, 26 декември 2024г. – За обврските за употреба на јазикот во програмите и дневно емитување најмалку 4 часа програма на радио, редовен програмски надзор е извршен врз Радио Марија Благовест од Струмица, Универзитетско Радио УКЛО ФМ од Битола, Универзитетско Радио Студент ФМ 92.9 од Скопје и Универзитетско Радио УГД ФМ од Штип.
При надзорот беше констатирано дека врз Радио Студент ФМ 92.9 и Радио УГД ФМ од Штип не може надзорот да биде спроведен бидејќи радиодифузерите емитувале само музика и џинглови, односно не емитувале никаков вид програма со новинарски и со уреднички ангажман.
Извештаите се достапни на следните линкови:
Радио Марија Благовест – (член 64 и член 90 од ЗААВМУ) – 25.12.2024
Радио УКЛО ФМ – (член 64 и член 90 од ЗААВМУ) – 25.12.2024
Радио Студент ФМ 92.9 – (член 64 и член 90 од ЗААВМУ) – 25.12.2024
Радио УГД ФМ – (член 64 и член 90 од ЗААВМУ) – 25.12.2024