Скопје, 27 декември 2024г – Советот на Агенцијата на 46-та седница одржана на 25 декември 2024 година, поради непочитување на одредби од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми изрече повеќе мерки јавна опомена за пет радиодифузери.
На ТВ Њуз му се изречени четири мерки јавна опомена поради непoчитување на ЗААВМУ и ЗМ односно за неемитување најмалку 30% програма како македонски аудиовизуелни дела, необезбедување на информации кои треба да се направат достапни до корисниците, необјавување потребни податоци за импресум на неколку програми и за погрешно означување и недоволна сигнализација за заштита на малолетни лица во неколку емитувани програми.
Мерки јавна опомена на ТВ Дуе му се изречени поради неемитување на законскиот минимум програма како македонски аудиовизуелни дела, за необезбедување превод од странски емисии на албански јазик и за несоодветна сигнализација и временско емитување на програми од четврта категорија.
На ТВ Протел мерка јавна опомена му е изречена поради погрешна класификација и недоволна сигнализација за заштита на малолетни лица при емитување на филмот „Наполнет пиштол“, на ТВ Спектра поради несоодветно означување и временско емитување на филмови како „Тежок за убивање“ и „Брзи и бесни 7“, додека на ТВ Свет поради неправилна предупредувачка сигнализација пред емитување на документарни и играни филмови.
Мерките јавна опомена се достапни на линковите:
ТВ Њуз – (член 14 од ЗМ) – 26.12.2024
ТВ Њуз – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 26.12.2024
ТВ Њуз – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 26.12.2024
ТВ Њуз – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 26.12.2024
ТВ Дуе – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 26.12.2024
ТВ Дуе – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 26.12.2024
ТВ Дуе – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 26.12.2024
ТВ Протел – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 26.12.2024
ТВ Спектра – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 26.12.2024
ТВ Свет – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 26.12.2024